Џенифер Анистон низ солзи проговори за смртта на Метју Пери

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Џенифер Анистон проговори за Метју Пери во своето прво интервју по смртта на нејзиниот сакан колега од „Пријатели“.

„Беше среќен. Беше здрав. Престана да пуши. Влегуваше во форма. Беше среќен – тоа е се што знам“, рече Џенифер низ солзи во интервјуто за „Вариети“.

„Буквално се допишував со него тоа утро, смешниот Мети. Не го болеше. Не се мачеше. Беше среќен. Сакам луѓето да знаат дека беше навистина здрав. Работеше толку напорно. Навистина доби тешка работа. Многу ми недостига. На сите ни недостига. Како нè насмеваше“, додала Џенифер.

Да потсетиме, Метју Пери почина на крајот на октомври на 54-годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во неговото џакузи. Првите резултати од токсиколошкиот тест потврдија дека актерот не консумирал фентанил или метамфетамин и дека во неговото тело нема траги од овие недозволени супстанции.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article