Летниот кино хит „Барби“ води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма „Опенхајмер“ која има осум

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Летниот кино хит „Барби“ води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма „Опенхајмер“ која има осум, објави денеска организаторот на тие филмски награди во Холивуд.

„Барби“ ќе се натпреварува во категоријата за најдобра комедија и мјузикл со „Американска фикција“, „The Holdovers“ и други на церемонијата во јануари со која започнува сезоната на американските филмски награди.

„Опенхајмер“ со Килијан Марфи во главната улога, меѓу другите, ќе се соочи со „Убијци на цветната Месечина“ и „Маестро“ во битката за најдобра драма.

Во телевизиските категории најмногу номинации – девет – има семејната драма „Сукцесија“.

Златните глобуси се добар показател за најпознатата филмска награда Оскар што се доделува во март.

Тие ќе бидат избрани оваа година од нова организација, откако во јуни беше распуштена непрофитната Холивудската асоцијација за странски печат, новинарска група која беше на удар на критики поради етичките пропусти и недостатокот на различност.

Сопствениците на Златните глобуси, „Елдриџ Индустрис“ и „Дик Кларк продукција“, ја поставија наградата како профитабилен бизнис, а гласачкото тело ќе се состои од расни и етнички различни 300 новинари од 75 земји.

Победниците ќе бидат објавени на свечена церемонија на 7 јануари.

Share This Article