Еден од најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина вчера во Никепинг, Шведска на 76-годишна возраст

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На неодамна објавената листа на најбогати луѓе во Шведска, Шорлинг со богатство проценето на 10 милијарди евра се најде на второто место, веднаш зад Стефан Першон, поранешниот сопственик на глобалниот синџир бутици H&M.

Шорлинг пораснал на село, неговиот татко имал фарма во близина на Оребра. Поради тешкиот и напорен живот во кој растел, решил да стане самостоен и финансиски стабилен уште на млада возраст. Во своите 76 години живот успеал да оствари сѐ што замислил во својата младост.

Дипломирал на Факултетот за бизнис, економија и право на Универзитетот во Гетеборг, а потоа изградил успешна кариера.
Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Хексагон, Хекпол и Секуритас, на чие чело дојде во 1987 година во време кога оваа компанија специјализирана за безбедност минуваше низ својот најлош период. Десет години подоцна компанијата беше на врвот на светот во таа индустрија, а Шорлиг стана еден од најбогатите луѓе во Европа.

Шорлинг се пензионира како извршен директор на групацијата Секуритас во 2017 година поради здравствени проблеми, а го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо ја презедоа компанијата заедно со милијардерот Стефан Першон. Групацијата има над 300.000 вработени во 53 земји во светот.

На листата на Форбс за најбогати луѓе во светот објавена оваа година, Шорлинг се најде на 184 место.

Share This Article