Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа изнесена од зградата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Инаку зградата е изградена од компанијата „Упа Ентерпрајз“, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти.

Share This Article