Нови жртви во руските ракетни напади во западна Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
(FILES) Collected anti-tank mines and explosives are detonated by the Ukrainian national police emergency demining team near the recently retaken town of Lyman in Donetsk region on October 6, 2022, amid the Russian invasion of Ukraine. Forests ravaged, towns flooded... Since the beginning of the Russian invasion of Ukraine and after almost two years of war, the destructions of the environment in Ukraine are "a tragedy" on a rare scale, that will affect "several generations" worry experts. (Photo by Yasuyoshi CHIBA / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети во руски ракетен напад врз Дњепропетровск во петокот, а најмалку едно лице е рането во Харков, јавуваат агенциите, додавајќи дека украинскиот противвоздушен персонал соборил 14 од 19 истрелани проектили.

Во областа Днепропетровск едно лице загина, а четворица се ранети во руски ракетен напад, изјави гувернерот на регионот Серхеј Лисак.

Според него, двајца од ранетите се во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Во утринскиот ракетен напад, украинската противвоздушна одбрана собори 14 од 19 истрелани проектили, изјави воениот портпарол Јуриј Ихнат.

Ракетите беа соборени во областа надвор од Киев и централниот регион Дњепропетровск.

Според шефот на регионалната воена управа, Олег Синегубов, градот Харков во источна Украина бил погоден шест пати.

Првите информации укажуваат дека руските сили користеле ракети С-300 во нападот, пренесува AFP.

Станбените згради претрпеа оштетувања“, рече Синегубов.

Градоначалникот Игор Терехов го потврди нападот врз градот.

- Advertisement -
Ad image

Ден претходно беше нападнат рудник за јаглен во Торецк, на северот на Доњецк, соопшти Министерството за енергетика.

Share This Article