10 прашања за полициски криминал до началникот на СВР Охрид Жарко Лазоровски, наместо одговори истиот со навреди до редакцијата, на потег е министерот Спасовски

Saso
By Saso 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со оглед на актуелната безбедносна состојба на подрачјето на територијата на Општина Охрид, Општина Струга, а која е под ингеренции на СВР Охрид, каде началник на истата работна единица на МВР е Жарко Лазоровски, но со оглед на фактот дека во последната година зачестени се полициските злоупотреби и полициската бруталност, до началникот на СВР Охрид Лазоровски испративме барање за одговори на 10 прашања, а за кои прашања се поставува цела една година реална основа.

Во испратеното барање до СВР Охрид -Началник Жарко Лазаоровски, меѓу друго го потсетуваме и на сериозна командна одговорност, кој тој лично ја има како Началник на СВР Охрид.

На поставените прашања од страна на редакцијата Охридскај за жал од страна на Началникот Жарко Лазоровски, не само што не добивме на ниту едно прашање директен одговор, туку напротив истиот онака во нивни стил некултурно, неписмено заборавил што е тоа прашање на кое треба да даде одговор, а што е демант, не обвини дека сме биле ние манипулатори, тенденциозни и диструктивни елементи во општеството!

Отворено ќе му одговориме на г-динот Началник Жарко Лазоровски, дека во поставените прашања од страна на редакцијата нема ниту деструктивност, ниту манипулации или тенденциозност, за разлика од манипулативноста, тенденциозноста,  деструктивноста на голем дел припадници на СВР Охрид каде тој им е директно надреден (командна одговорност). Началниче Лазоровски, кога ќе ве фатат со спуштен веш, не секогаш нападот би ви била најдобра одбрана, но да одиме редоследно зошто ова се првите од низата прашања коо ќе ви бидат доставувани со ДОКАЗИ.

Прилог прашања поставени до началникот на СВР Охрид Жарко Лазоровски:

СВР ОХРИД
НАЧАЛНИК – ЖАРКО ЛАЗОРОВСКИ

Почитувани,
Согласно законот за инфорирање ,а со цел објектовно инфорирање на граѓаните на Македонија ,ве молиме да дадете одговор на следните прашања во рок од 12 часа:
1.Кој организира борби со кучина на локација Андон Дуков во Охрид вендан до местото каде вие имате одгледувачница на кучина- Шарпланинци?
2.Како е возожно Вие како прв човек – Началник на СВР Охрид да не знаете за борбите со кучина ,кој се одвиваат веднаш до место кое е ваша фаилијарна сопственост ?
3.На ден 08-06-2023 година , полициски припадници – МОНСТРУМИ на СВР Охрид извршиј злосторнички напад на Новинар.истите тие полициски службеници подпомогнати од Вас и од командирот на ПС од ОН Охрид и ден денес слободно се шетаат низ Охрид ,дилаат Кокаин ,а дури дниот сте го поставиле и реонски полицаец на реон каде е и живеалиштето на нападнатиот новинар од страна на вашите монструми.Како е тоа возможно или поставувањето на реоснки полицаец на полицискиот монструм е намерно од ваша страна и од страна на командирот Дончески со цел да вршите психички притисок врз новинарот или се спрема некој нов напад можеби сега со огнено оружје од кога не успеавте истиот да го убијате со метални палки?
4.Што ве поврзува вас лично со лицето Веби Етеми и неговиот син Валмир Етеми од Струга?Дали вие од лицето Веби Етеми од СТруга имате на подарок добиено возило Мерцедес Б Класа ,за одредена ваша заштита во одредени криминални активности на неговиот син Валмир Етеми ,како и помош на неговото бегство од Р.Македонија при акцијата која ја спроведуваше единицата за сузбивање на Организиран криминал на МВР на РСМ на подрачјето на Општина Струга или на ваше подрачје на СВР Охрид каде сте вие началник?
5.Дали вие и уште еден припадник на ЈО Охрид имате добијано стан на подарок од охридски бизнисмен за услуга Притвор за шамар,а со цел да му го удоволите егото кое му било нарушено на бизнисменот?
6.Зошто како началник на СВР Охрид ги стипирате сите дејствија ,а кој со закон сте обврзани да ги превземете околу к.д. дивоградба која на територија на Општина Охрид ја превзеа лицето Нефи Усеини и неговата фирма Нефи ИК? Зошто нема кривична пријава за к.д.Дивоградба за вашиот командир на ОС од ОН Охрид Сашо Дончески ,кој изградил дивоградба на поткровње на стамбена зграда на улица егејска во Охрид ,како и гаражи на земјиште сосптвеност на РСМ?
7.Со каква цел вие како началник на СВР Охрид го поставивте командирот на ПС за БПС Охрид Аслимоски,кој истиот извршил веднаш кривични дела по член 353 и 357 од КЗ , нарушил приватност на граѓанин, навлегол во компјутерски систе на граѓанин , одзел приватни податоци од граѓаниниот и ги лиферувал во јавност .Дали на ваков начин уценуваат граѓани – жени вашите командири и полициски службеници за да добијат сексуална или друга услуга?
8.Дали вие како Началник на СВР Охрид имате знаете или имате сознанија дека припадници ан ПС од ОН Охрид и припадници на БПС ,како и припаднициц на испекторатот во вашето СВР се појавуваат како улични дилери на наркотици, приватни обебзбедувачи по дискотеки и ноќни клубови,како и главни рекетари низ општина Охрид?
9.Дали знаете дека за ваквите незаконски дејствија ќе мора да има сериозна командна одговорност и во СВР Охрид ,поточно ваша ?
10.До кога планирате полициските службеници секојдневно да ги испрајќате да вршат тортура врз новинари и граѓани по улиците на Општина Охрид без никаков правен основ?

НАПОМЕНА: На поставените прашања Ве молиме за одговор во рок од 12 часа.Доколку од Ваша страна не добијаме одговор ,редакцијата ќе излезе со свои сознаија и став и нема да сноси никаква одговорност во било каква правна постапка поведена од ваша страна.

На поставените конкретни прашања, од страна на началникот на СВР Охрид или незнам кој друг му ги составувал одговорите, не добивме ниту еден конкретен одговор.

- Advertisement -
Ad image

Одговорот на СВР Охрид во прилог:

-„Во врска со вашето барање, ве известувам дека, по преземени мерки на повеќе локации на подрачјето на СВР Охрид (меѓу кои и месноста „Андон Дуков“ Охрид,), во кои, заедно со други полициски службеници, бев и лично вклучен, не се лоцирани локации подготвени за организирање борби со кучиња или други слични активности и не се затекнати лица кои преземаат такви подготовки, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните. Во врска со преземените мерки, СВР Охрид испрати официјално соопштение кое, повторно, во прилог на овој допис, ви го испраќаме.
Воедно, потсетувам дека, полициските службеници, своите работни обврски ги вршат во согласност со Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и другите законски и подзаконски акти и секое прекршување на овие одредби како и на одредбите од Кодексот за полициска етика но и секое друго, евентуално неовластено извршување на работни обврски или нелегално работење, повлекуваат соодветни дисциплински постапки, поднесување на прекршочни и кривични пријави. Во тој контекст, потсетувам дека СВР Охрид, неодамна поднесе кривична пријава против К.С. од Охрид за физички напад врз жител на Охрид, извршен пред еден ноќен клуб во Охрид со последица, тешки телесни повреди. Тоа е уште еден доказ дека СВР Охрид, своите работни обврски ги врши неселективно без разлика дали станува збор за полициски службеник или граѓанин со друга професија. Своите законски обврски, СВР Охрид ги извршува и согласно одредени плански задачи и во тој контекст, распоредувањето на полициските службеници на терен нема врска со некакви тенденции кон одредена личност. Како началник на СВР Охрид, немам ингеренции по Законот за градба а во врска со констатирани кривични дела „бесправно градење“, СВР Охрид поднесува кривични пријави по претходно известување од градежниот инспекторат во локалната самоуправа за нивни извршени инспекциски надзори на одредени градби на подрачјето и утврдени незаконистости а пријавите кои се и во нивна надлежност, се процесуираат во согласност со одредбите од односниот закон. За информации со одредени градежни зафати што се вршеа на објект од историско значење, лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, ве упатувам на градежниот инспекторат во локалната чиј судски вештак има извршено увид и кој до ОЈО Охрид, поднел соодветна кривична пријава.
Инаку, најостро ги демантирам останатите наводи во вашиот допис, ги сметам за крајно манипулативни, тенденциозни и деструктивни. Тие немаат врска со новинарска професионалност и со објективното информирање на кое во дописот се повикувате“.

Доколку добро се прочитаат поставените прашања испратени до началникот на СВР Охрид Лазоровски, може да се увиде, дека тој на крајно манипулативен начин избегнува одговори, посебсно кои ја допираат неговата работа во прашањата под реден бр.1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10 поставени од редакцијата Охридскај до него, посебно во делот кој и зошто го известувал струшкиот нарко картел за спроведување на акции од страна на единицата за борба со организиран криминал при МВР на РСМ на подрачјето кое го опфајќа СВР Охрид, но кој од началниците добил на подарок Мерцедес Б класа од нарко картел од Струга ? На овие и на други прашања секако дека од страна на началникот Лазоровски нема граѓаните да добијат  одговор.

- Advertisement -
Ad image

РЕДАКЦИЈАТА ОХРИДСКАЈ ЈАВНО ГО ПОВИКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, КАКО И МИНИСТЕРОТ ЗА ПОЛИЦИЈА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, ДА РАСЧИСТАТ СО КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО КОЕ ГО ОПФАЌА СВР ОХРИД. ЗА СИТЕ ПОСТАВЕНИ ПРАШАЊА УРЕДНИКОТ НА РЕДАКЦИЈАТА ОХРИДСКАЈ И АВТОРОТ НА ТЕКСТОТ ПОСЕДУВА ДОКАЗИ ЗА КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ, А ЗА ТОА КАКВИ „ПОДАРОЦИ“ ПРИМАЛЕ СТАРЕШИНИТЕ ОД КРИМИНАЛЦИТЕ, ЗА ТОА И САМИТЕ МОЖЕ ДА СИ ОТКРИЈАТ, А ВО ТОА ЌЕ И ПОМОГНЕМЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ НА ДЕНОТ И НОЌТА.

Share This Article