More

    Министерството за правда го испратило барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти

    spot_img

    Министерството за правда соопшти дека го испратило барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти. Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција, а во скенирана верзија е испратен и до Интерпол.

    „Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок. Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти“ – се вели во соопштението од Министерствто за правда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img