More

    Горниот дом на рускиот парламент го одреди 17 март 2024 година како официјален датум за следните претседателски избори

    spot_img

    Горниот дом на рускиот парламент го одреди 17 март 2024 година како официјален датум за следните претседателски избори. Во петок Централната изборна комисија ќе го одржи првиот официјален состанок за организацијата на изборите, соопшти шефицата на комисијата Ела Памфилова.

    „Пристојно спроведените претседателски избори“ на многу начини ќе гарантираат зајакнување на Русија, рече Памфилова.

    Претседателката на Горниот дом на парламентот, Валентина Матвиенко, ги нарече претстојните избори „историски“, велејќи: „Успехот на нашиот руски одговор на главните предизвици на времето зависи пред сѐ од овие претседателски избори“.

    – Целиот свет очигледно ќе нѐ гледа. Затоа што Руската Федерација денес е еден од главните архитекти на правичната глобална иднина – додаде таа.

    Претседателот Владимир Путин одби предвреме да коментира за можноста да се кандидира за уште еден мандат, велејќи дека ќе се врати на темата откако парламентот ќе одлучи кога ќе го закаже гласањето.

    – Кога ќе се донесе одлуката, изборите ќе бидат објавени, датумот ќе биде назначен, а потоа ќе разговараме – рече Путин на пленарна седница на Источниот економски форум во септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img