Годинава, свеченоста по повод првата адвентска недела, Гастроадвентот во Сплит, освен што го слави големото враќање на рогачот на празничната трпеза, интересно за нас е тоа што домаќин на истата бил сплитскиот ресторан Лаф, чиј косопственик е македонскиот шеф со сплитска адреса, Дејан Карапеев.
Имено, Дејан, во Диоклецијановата палата во Сплит е веќе ко-сопственик на Коноба Корта која работи од месец март до ноември, а во март годинава, заедно со Корчуланката Јозица Ботица, отворил уште еден ресторан кој ќе работи преку целата година. Да, станува збор токму за ресторанот Лаф.
Повеќе за ова, како и видео од настанот можете да најдете на „Арт кујна“.