Лекарите кои работат на југот на блокираниот Појас Газа објавија дека заразните болести брзо се шират во регионот поради големиот број раселени од израелските напади.
Лекарите кои работат во болницата Насер во градот Кан Јунис на југот на Газа, во изјава за „Индипендент“ го привлекоа вниманието на брзото ширење на заразните болести во регионот.
Лекарите рекоа дека заразните болести брзо се шират во регионот поради големиот број цивили принудени да ги напуштат своите домови во северниот дел на Појасот Газа.
Посочувајќи дека недостигот на неопходни вакцини за новороденчињата предизвикува болеста побрзо да се шири во болниците, лекарите изјавија и дека се грижат за загинатите и повредените во Кан Јунис, кој е под интензивни израелски напади.
Докторот волонтер Асем Мохамед истакна дека пренаселеноста создава поволни услови за ширење на заразни болести, додека недостатокот на медицинска опрема и ограничениот пристап до чиста вода ја влошува ситуацијата.
Мохамед изјави дека болничката средина е „полна со заразни болести како што се габични инфекции, инфекции на кожата и пневмонија, како и со епидемиолошки проблеми“.
Докторот Јусеф Аднан рече дека секојдневно лекуваат илјадници луѓе со дијареа.
Состојбата во болницата е катастрофална“, изјави Аднан.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера сподели објава на социјалните мрежи Х за ситуацијата во Газа, која е под интензивни израелски напади.
„Вчера, нашиот тим ја посети болницата Насер во јужна Газа. Во болницата биле згрижени 1.000 пациенти, три пати повеќе од нејзиниот капацитет. Безброј луѓе кои го исполнуваат секој агол од објектот бараат засолниште. Овие услови се незамисливо несоодветни во однос на давање здравствени услуги“, додаде Гебрејесус.