More

    Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца македонски државјани и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари

    spot_img

    Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца македонски државјани и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

    Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

    – Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

    Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img