Манекенката и актерка Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бур Меклард во 2022 година, а сега зборува зошто никој не треба да биде тажен по разводот и како го преболела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Манекенката и актерка Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бур Меклард во 2022 година, а сега зборува зошто никој не треба да биде тажен по разводот и како го преболела.

Во интервју за австралискиот „Вог“ таа изјави дека одбива да го гледа разводот како нејзин неуспех. Смета дека нема опасност во „романтизирање“ на разводот.

– Кога ќе размислите колку е табу разводот, треба да кажете: „Не, не е лошо, всушност, можеби е кул“ – вели Емили.

– Дури и самото споделување на моето искуство со развод беше малку катарзично, но и убаво бидејќи не сакам сите да мислат дека сум некаква совршена личност – признала манекенката.

Иако беше отворена на оваа тема, сепак не сакаше да открие што го предизвикало нејзиниот развод.

Претходно, таа вешто го избегнуваше тој одговор со изјавата дека сака да се фокусира на воспитувањето на синот.

Но, само затоа што смета дека разводот не е лоша работа, не се срамела да признае дека сепак тешко ѝ паднало.

– Штотуку родив дете, многу сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам – изјавила Емили.

Share This Article