Турската актерка Бергузар Корел (41) на нашата публика ѝ е најпозната од хит серијата „1001 ноќ“ во која го толкуваше ликот на Шехерезада. Ја паметиме по долгата темна коса и крупните црни очи. Меѓутоа, Бергузар, денес игледа сосема поинаку. Убавата актерка веќе извесно време има нова фризура – стана русокоса и драстично ја скрати косата во боб фризура.
Корел се прослави благодарение на серијата „1001 ноќ“ која се емитуваше во 2009 година и која постигна голема популарност во регионот.
Благодарение на оваа серија, таа ја најде и својата сродна душа. Со колегата Халит Ергенч, кој глумеше во „1001 ноќ“, а кој најмногу го паметиме како Сулејман Величествениот, се вљубија во текот на серијата. Потоа стапија во брак, а неодамна станаа родители по третпат.
Корел и Ергенч беа главните ликови на популарната турска серија „1001 ноќ“, тие се вљубија на снимањето и решија да ги напуштат тогашните партнери за да бидат заедно.
Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца – синовите Али и Хан и ќерката Лејла.
ФОТО: Инстаграм