More

    Ампутирани се најмалку 700 деца, сведочи доктор во Газа

    spot_img

    Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита на прес-конференција изјави дека за време на нападот на Газа биле користени фрагментарни проектили, кои предизвикале единствени облици на повреди кај пациенти кои често резултирале со ампутации, пишува Sky news.

    До петтиот ден од нападот, половина од оние што ги оперирал биле деца. Тој проценува дека за време на конфликтот во Газа биле ампутирани меѓу 700 и 900 деца. Тој раскажа како израелската армија ја повикала болницата во бегалскиот камп Џабалија и му кажала на директорот дека медицинската установа треба да се евакуира во рок од два часа бидејќи ќе биде една од целите.

    -Една од најстрашните сцени што ги видов беше во болницата Ал Шифа кога, по воздушниот напад и кога се довезуваа мртви и ранети, медицинските работници трчаа низ итната помош и ги испитуваа лицата на ранетите и на мртвите за да видат дали има меѓу нив и членовите на нивните семејства. Често меѓу мртвите здогледуваа и нивни деца – вели палестинскиот хирург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img