Несекојдневен подвиг на Гркинка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ново и целосно опремено возило на брза помош за итната служба во грчкиот град Месолонги, донираше земјоделката во пензија Атина Папахристу. Според медиумите, возилото во вредност од 65.000 евра го купила со нејзините лични заштеди, јави дописничката на МИА од Атина.

Од итната служба соопштија дека донацијата на Папахристу е во спомен на нејзиниот сопруг и истакнаа дека е постапка за пофалба.

Пенизионерката за грчките медиуми вели дека во минатото на неколку пати имала лошо искуство со брзата помош, или доцнела, поради недостиг на возила или се расипувало возилото, па била принудена да земе такси.

– Па си реков, ќе земам едно да му служи на Месолонги – рече Папахристу за телевизијата „Алфа“.

За грчките медиуми, таа откри и дека поставила два услови при донацијата, едниот, возилото да биде само за нејзиниот град, а другиот услов, секогаш кога ќе поминува пред нејзини куќа да ја поздрави со свирење.

Share This Article