More

    Претседателот на Северна Кореја славеше за „новата вселенска ера“ на раскошен банкет

    spot_img

    Претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја прослави „новата ера на вселенската сила“ на банкет со своето семејство, а до него седеше ќерката Џу Ае која и другпат беше видена на вакви настани. Џонг Ун го слави лансирањето на шпионскиот сателит Малигионг-1 кој во вторникот се вивна во небото.

    На маичката на ќерката и на научниците кои беа на прославата беше испишано „Ната“, името на „севернокорејската НАСА“. Џонг Ун носеше црна кожна јакна, пишува Гардијан.

    Ова беше трет обид Северна Кореја да лансира вакво летало годинава, а првите два во мај и во август беа неуспешни. Џонг Ун го нарече лансирањето „целосно остварување на правото на самоодбрана“ и дека шпионскиот сателит ќе помогне да се заштити Северот од „опасни и агресивни потези на непријателските сили“, рече тој, додавајќи дека бил пионер на „нова ера на вселенска сила“.

     

     

    Сите присутни „воодушевено навиваа изразувајќи благодарност до големиот татко кој конечно го обезбеди успешното лансирање“, соопшти државната новинска агенција КЦНА.

    Ким покажа „таква татковска љубов кон вселенските научници“, се додава во државните гласила.

    Неколку часа по лансирањето, Северна Кореја тврдеше дека нејзиниот лидер веќе ги прегледувал сликите од американските воени бази во Гуам. Но, ниту една ваква слика не излезе на виделина во јавноста.

    По лансирањето во вторникот, Јужна Кореја делумно го суспендираше петгодишниот воен договор со Северот и распореди „средства за надзор и извидување“ до граница. Пјонјанг исто така соопшти дека ќе го суспендира договорот.

    Експертите велат дека ставањето работен шпионски сателит во орбитата ќе ги подобри способностите на Северна Кореја за собирање разузнавачки информации, особено над Јужна Кореја и ќе обезбеди клучни податоци за секој можен воен конфликт меѓу земјите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img