More

    Том Круз покажа нова фризура при пристигнувањето во Лондон од Флорида оваа недела

    spot_img

    Том Круз покажа нова фризура при пристигнувањето во Лондон од Флорида оваа недела. Пред актерот да влезе во хеликоптерот за да одлета на снимањето на „Невозможна мисија 8“, папараците снимија неколку фотографии.

    Холивудската легенда Том Круз (61) се врати во Лондон за да продолжи со снимањето на осмото продолжение на франшизата „Невозможна мисија“, откако снимањето беше ставено на пауза извесно време поради штрајкот во Холивуд.

    Круз пристигнал во Лондон со приватен авион, а пред да се качи во хеликоптерот и да одлета на локацијата каде се снима филмот, папараците го снимиле со нов имиџ.

     

    Актерот ја покажал својата подолга и побујна коса која изгледа и посветла од претходно, а обожавателите не престануваат да ја коментираат неговата промена на имиџот.

    „Ја обожавам неговата долга коса“, коментирала една обожавателка, а друга напишала: „Ти благодарам! Конечно нешто ново“.

     

     

    Том бил облечен во бели патики и темни фармерки со едноставен црн џемпер, додека држел црн ранец во раката, подготвувајќи се да полета.

    Том не само што бил патник во хеликоптерот, туку бил виден како се качува на пилотското седиште. Звездата ги стекна своите квалификации за летање во 1994 година, што значи дека има речиси 30 години летачко искуство.

    ФОТО: Инстаграм/Икс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img