Крадците кои упаднаа во складиште за логистика во западна Германија успеаја да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата.
Непознати крадци од магацин во градот Дуизбург успеале да побегнат со сеф тежок повеќе од 100 килограми.
Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра.
Упадот се случил минатиот викенд, но во вторникот бил објавен со полициско соопштение.
Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети.