Натпреварот меѓу младинските фудбалски селекции на Црна Гора и Албанија, во квалификациите за Европското првенство, беше прекинат поради исклучително лошите услови за игра, односно надојдениот терен и обилниот дожд што паѓа во Подгорица.
Натпреварот беше прекинат по половина час. Судијата ги испрати екипите во соблекувалната, а со оглед на тоа дека дождот не престанува да паѓа, напротив, се засилува со грмежи, веќе е јасно дека натпреварот нема да продолжи.
Во моментот на паузата семафорот гласеше 0:0, а таквиот резултат беше логичен со оглед на тоа што играчите не можеа ниту да се движат на теренот.
Одлуката за продолжението на натпреварот ќе биде донесена подоцна, разговорите се во тек меѓу ФСЦГ и ФС Албанија, како и првиот човек на УЕФА, постои можност натпреварот да продолжи на 22 ноември, но пореална опција е да одреди друг датум.
Црна Гора одигра три натпревари во квалификациите, трите на гости и има три бода. Од друга страна, Албанија по пет одиграни натпревари има девет бода.