More

    Израелски официјални лица: Ослободувањето на заложниците е исто толку важно како и уништувањето на Хамас

    spot_img

    Врвните претставници на Израел се состанаа со семејствата на некои од околу 240-те заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Појасот Газа и им кажаа дека целта за уништување на Хамас е исто толку важна како и враќањето на киднапираните.

    Тоа го предизвика гневот на присутните на синоќешната средба, кои стравуваат дека нивните роднини ќе бидат долго време како заложници во Газа.

    „Она што го слушнавме е дека соборувањето на Хамас и доведувањето на заложниците (дома) е подеднакво важно“, им рече на новинарите Уди Горен, чиј братучед е во Газа, додека го напушташе состанокот.

    „Многу е разочарувачки. Знаеме дека уништувањето на Хамас, тоа го слушаме од нив, ќе трае со месеци и години“, додаде Горен, пренесоа израелските медиуми.

    Тој исто така рече дека воениот кабинет, формиран веднаш по нападот на Хамас на израелска територија, составен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и Бени Ганц, поранешен началник на армијата, не откри детали за можниот договор за ослободување на заложниците. .

    Палестинските екстремисти убија повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а одведоа околу 240 заложници во Газа на првиот ден од нападот врз јужен Израел на 7 октомври.

    Досега Хамас ослободи четири жени, а израелските војници ја ослободија петтата. Неодамна во Газа беа пронајдени тела на две Израелки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img