Страшна несреќа на „лудиот“ булевар „Васко Каранѓелески“ во Аеродром

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На новиот булевар „Васко Каранѓелески“ во населбата Аеродром, токму пред основното училиште „Љубен Лапе“ изутринава се случи страшна сообраќајна несреќа, во која учествуваа две возило, од кои едното се преврте на покривот, јавуваат сограѓани од местото на несреќата, кои објавија и фотографии од несреќата. 

Оваа несреќа, втора по ред за неколку дена,  уште повеќе ги зголеми стравувањата на околните жители, кои постојано укажуваат дека улицата има сериозни пропусти: не е безбедна, нема семафори, ниту прегледност, има апсурдни крстосници кои ги збунуваат возачите во поглед на правото на првенство.

Да биде опасноста поголема, овој булевар секојдневно го поминуваат многу ученици од ОУ „Љубен Лапе“, особено на големите одмори, зашто од спротивната страна на булеварот се наоѓаат најблсикиот супермаркет и сендвичарница. Булеварот нема семафори, а возилата тука возат брзо и има лоша прегледност од едната страна.

– Ова не е булевар, ова не е ни улица, ова е кланица! – напиша резигнирано Марјан Лазаревски, жител на Аеродром, на својот профил на Фејсбук.

Тој апелира до надлежните да ја затворат улицата и да ги исправат неправилностите, а на граѓаните им препорачува да го избегнуваат овој булевар додека не биде безбеден. Во неговиот пост Лазаревски потсетува дека ова е втора сообраќајќа на ова место за само неколку дена.

Апел до сите возачи, пешаци и родители – избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите – затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е кланица! Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, споделувајте и давајте идеи како побрзо да го средиме овој хорор“ – напиша Лазаревски.

 

Share This Article