Шведската ФА синоќа го отпушти селекторот Јане Андерсон, откако тој не успеа да ја одведе Шведска на Евро 2024 година.
Шведска иако синоќа ја совлада Естонија со 2-0, не се пласираше на ЕП бидејќи квалификациите ги заврши на третото место во групата Ф со само десет освоени бода од можни 24.
Швеѓаните имаат десет бода помалку од водечката Белгија, а девет од второпласираната Австрија.
Јане Андерсон е на чело на шведската репрезентација од летото 2016 година.
Сепак, Швеѓаните последователно не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство во 2022 година (изгубија од Полска во финалето на плеј-офот) и сега за Евро 2024 година.
Се уште не е познато кој ќе го наследи 61-годишниот Андерсон на тренерската позиција.