More

    Израелска министерка шокираше со предлогот, го цитираше Ајнштајн

    spot_img

    Преселување на бегалците од Газа на друго место би можела да биде опција која ќе ја поддржат земјите ширум светот, особено оние кои тврдат дека се пријатели на Палестинците, напишала во своја колумна израелската министерка за разузнавање Гила Гамлиел. Во написот за Ерусалим Пост таа го цитирала Алберт Ајнштајн, Евреин по потекло, кој рекол дека „среде секоја криза се крие одлична можност“. Нејзиониот напис наиде на реакции.

    Контроверзното решение кое го предлага министерката таа го темели на аргументот дека претходно биле пробани многу други решенија. Таа смета дека „агенцијата на Обединетите Нации не направила ништо за Палестинците во последните 75 години“ иако поседува годишен буџет од 1 милијарда долари. Таа вели дека наместо да троши пари во обновата на Газа, оваа агенција (УНРВА) може да помогне во во трошоците за преселување и изградба на нов живот за Палестинците во земјите што ќе ги прифатат.

    – Ова е можност за оние кои велат дека го поддржуваат палестинскиот народ да покажат дека тоа не се само празни зборови. Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), глобалното тело на ОН што се занимава со бегалците, е овластено со својот Статут и резолуциите на Генералното собрание на ОН да преземе преселување како едно од трите постојани решенија – посочи таа.

    Министерката признава дека „ова решение е далеку од совршено“.

    „Газа долго време се смета за проблем без решение. Испробавме многу различни решенија – одвојување, збогатување, управување со конфликти и градење високи ѕидови со надеж дека ќе ги задржиме чудовиштата на Хамас надвор од Израел. Сите не успеаја. Мораме да пробаме нешто ново и ја повикуваме меѓународната заедница да ни помогне да го направиме тоа реалност“, пишува таа.

    Таа заклучува дека ова решение (со преселба) може да биде добро за сите страни: победа за оние цивили во Газа кои бараат подобар живот и победа за Израел по катастрофалната трагедија.

    Во однос на спротивната идеја – а тоа е Газа да ја преземат палестинските власти, таа вели дека тоа е осудено на пропаст. Министерката смета дека дури и на денот кога Хамас ќе биде поразен, сè уште ќе има околу два милиони луѓе во Газа, од кои многу гласале за Хамас и го славеле масакрот на невини мажи, жени и деца.

    „Газа е жариште на екстремизмот. Тоа е мала област, во никој случај не најнаселена во светот, туку област во која предолго нејзините владетели ѝ даваа приоритет на војната против Евреите пред подобар живот за нивниот народ“, објаснува таа во колумната.

    Министерката Гамлиел потсетува и на фактот дека откако Хамас почнал да раководи со Газа од 2007 година до денес се проценува дека меѓу 250.000 и 350.000 млади и возрасни луѓе го напуштиле овој регион за да започнат нов живот во странство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img