Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди источна Турција.
Епицентарот на замјотресот е регистриран во близина на Баскил, 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман, на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Според сеизмолошките извештаи, земјотресот бил почувствуван на оддалеченост повеќе од 200 километри од епицентарот, а од потресот биле погодени околу пет милиони луѓе во Турција.