Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенерг утрово се сретна со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и членовите на Советот на министри.
По средбата на прес-конференцијата се обратија Борјана Кришто и Јенс Столтенберг.
На почетокот на своето обраќање, Столтенберг му се заблагодари на Кристо за топлите зборови за добредојде.
„Денеска разговаравме за безбедносната ситуација во вашата земја и регионот. Сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на вашата земја. Загрижени сме поради сецесионистичката поделба и реторика, како и надворешното влијание, особено влијанието на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослабне реформите. Сите лидери мора да работат на единство и напредок“, рече тој.
Потоа додаде:
„Тоа ни е исклучително важно и ние сме посветени на стабилноста и безбедноста во овој регион. НАТО е посветен на долгогодишна стабилност во вашата земја. И затоа ја продлабочуваме нашата соработка и политичкиот дијалог. Седиштето на НАТО во Сараево и дава поддршка на мисијата на Европската унија Алтеа. НАТО и сојузниците остануваат целосно посветени на успехот на таа мисија и го поздравуваме едногласното усвојување на продолжувањето на мисијата од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ги поддржуваме вашите реформски напори, вклучително и пакетот за градење одбранбени способности“.
На крајот тој посочи дека сака да ја пофали БиХ за успесите што ги постигнала на патот кон Европската унија.
„Тоа всушност ќе ги зајакне вашите способности како одговор на природни и други катастрофи, сајбер одбрана. НАТО останува посветен на обезбедувањето поддршка на БиХ на нејзиниот евроатлантски пат. Секоја земја треба да избере свои безбедносни аранжмани без надворешно мешање. Сакам да ја пофалам Босна и Херцеговина за успесите што ги постигна на патот кон Европската унија“, заклучи Столтенберг.