Денеска (14.11.2023) во с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Б. (34) од село Ласкарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.