Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ноќта ја поминал во болница, најверојатно, поради труење со храна, а денеска е пуштен во добра состојба, потврдија од Владата за „360 степени“.
„Премиерот беше примен со болки во стомакот, најверојатно, од труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.