За прв пат во историјата на политичкиот плурализам, спротивно на Уставот и законите пратеник на опозиција е осуден за искажан став од собраниска говорница, реагира ВМРО-ДПМНЕ на судската пресуда на Основниот суд Куманово со која пратеникот на оваа партија Бране Петрушевски е осуден за клевета и треба да плати казна од 150.000 денари.
„Хибридниот режим преку заробеното судство спротивно на Устав и закон осуди пратеник за искажан став во Собрание, како им се ближи крајот им расте стравот, ќе одговараат за криминалот
Уставот и законите за оваа власт никогаш не важеле, а уште еднаш се потврди дека не важат ниту за судиите кои под притисок на власта мора да судат спротивно на Устав и демократски принципи.
Како и Уставот така и Законот за граѓанска одговорност и клевета, член 7 е јасно дека нема одговорност ако изјавата е дадена во работата на Собранието. Просто е неверојатно судија наместо да суди според законот, суди по партиска наредба. Скандалозно е судија да од против судските и законските прописи само за да му удоволи пресуда на пратеник од власта.
Да биде потрагично, пресудата за пратеникот Бране Петрушевски доаѓа во време кога Македонија го доби најлошиот извештај од Европската комисија, извештај во кој судството практично е оценето со единица без напредок и без имплементација дури на минатите препораки. Како им се ближи крајот, така им расте нервозата и стравот од одговорност, а пресудата која спротивна на демократските и уставни норми е само уште еден доказ во низата“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.