More

    ДВАЈЦА СЕ ПРЕПРАТЕНИ ВО КЛИНИЧКИ

    spot_img

    Двајца од вкупно 16 повредени лица во сообраќајната незгода што се случи попладнето меѓу две комбиња на регионалниот пат Велес – село Извор  препратени се на понатамошно лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

    На лекување во Скопје се препратени 57-годишен возач на  комбе со повреда на главата и 55-годишен патник со повреда на лакт.

    Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  и до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома.

    Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили.

    Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес за МИА потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14.50 часот после крстосницата кон село Војница на угорницата кон Чашка. Екипи на СВР Велес  извршиле  увид за причините на сообраќајната несреќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img