More

    Митева: Ковачевски измисли некој настан чисто да не биде тука и да не го прими Извештајот на Европската комисија затоа што нема храброст да се соочи со граѓаните и да ја признае вистината која е содржана во извештајот, а тоа е дека Македонија е земја која што стагнира

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски измисли некој настан чисто да не биде тука и да не го прими Извештајот на Европската комисија затоа што нема храброст да се соочи со граѓаните и да ја признае вистината која е содржана во извештајот, а тоа е дека Македонија е земја која што стагнира, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија.

    Премиерот Ковачевски денеска е на мировна конференција во Париз. Традиционално, амбасадорот на ЕУ во Македонија секоја година свечено го врачува извештајот на Европската комисија на претседателот на Владата.

    – Од еден премиер како Ковачевски и една власт како оваа на СДС и ДУИ мене ова ми е очекувано. Тие немаат храброст да се соочат со реалноста затоа што Извештајот на ЕК за 2023-тата година за напредокот на Македонија е одраз на реалноста, покажува дека Македонија е земја која што стагнира. Во извештајниот период на ЕК, од 2022 до 2023 година, цела година Македонија има стагнација, нема напредок во клучните реформи кои што се потребни за да Македонија биде земја членка во ЕУ – истакна Митева.

    Таа посочи дека власта е свесна за срамот кој што го има, но не сака да се соочи, туку сака да ја манипулира јавноста.

    – Нивната реторика е веќе добро позната дека секој друг е виновен, прстот го вперуваат и во опозицијата, но и во останатите општествени чинители, само не во нив. А, факт е дека вистински виновници за ваквата состојба е исклучиво Владата затоа што не покажа апсолутно никакви резултати за Македонија во однос на интеграција во ЕУ – рече Митева.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img