More

    Евроамбасадорот Гир ги нагласи критиките од извештајот на ЕК

    spot_img

    Со низа критики евроамбасадорот Дејвид Гир го презентираше извештајот на Европската комисија за Македонија на заедничка прес конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Според Гир, извештајот е искрен и правичен и доаѓа во момент кога има значајна динамика во однос на проширувањето.

    – Се искажува загриженост во врска со политичката поларизација, особено во гласањето на реформите. Процесот за проширување во ЕУ бара консензус за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна, некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето. Има злоупотреба на знаменцето за Кривичниот законик и за законите за коридорите 8 и 10д. Во владеењето на правото не е забележан прогрес. Се забележува недостиг на доверба кон судиите, но и разрешувањето на екс-претседателката на судскиот совет. Повикуваме да се усвојат препораките, а потсетуваме и на препораките од претходните години кои не беа имплементирани – вели Гир.

    Евроамбасадорот посочи и дека нема никаков напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво.

    – Кај борбата со корупција не е забележан напредок. Забележуваме случаи на корупција на високо ниво кои се зголемуваат. Тоа резултира со застарување на делата, што предизвикува голема загриженост. Извештајот ја пофали работата на ДКСК и ДЗР, но повикува препораките да се следат од страна на двете. Има ограничен напредок кај државната администрација. Условите во затворите и натаму се лоши, особено во Идризово. Извештајот повикува посебни напори да се вложат во промовирање на недискриминација. Извештајот изразува и сериозна загриженост во врска со антиродовите кампањи – посочи Гир.

    Toj го посочи и менувањето на Уставот, односно дека односите со Бугарија се исклучиво во рацете на Македонија.

    – Сите јасно разбираме дека проширувањето е во наш, заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи – истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img