Славниот актер Метју Пери беше погребан минатиот петок, опкружен со семејството и најблиските пријатели, а цвеќињата оставени на неговиот гроб беа отстранети, што изненади многумина.
Постои важна причина за ова.
Имено, цвеќињата биле отстранети од неговото семејство, за да ја спречат јавноста да се собере на гробот на Метју, поточно фановите и јавноста се уште да не го знаат точното место на неговиот гроб.
Познатиот актер почива покрај великаните на Холивуд, но се чини дека неговите блиски сакаат ова место засега да се чува во тајност, бидејќи сè уште не се подготвени јавноста да се собере на локацијата на која почива холивудската ѕвезда.
Метју Пери е погребан во „Светилиштето на скапоцената љубов“ (Sanctuary of Treasured Love), приватен дел од гробиштата кој е затворен и изолиран.
Холивудскиот актер беше погребан покрај Кери Фишер, Деби Рејнолдс, Мајкл Кларк Данкан и Рони Џејмс Ди, па можеби ова е една од причините за приватноста.
Да потсетиме, на погребот на Метју Пери присуствуваа неговите колеги и пријатели од култната серија „Пријатели“. Метју почина на 28 октомври во Лос Анџелес, на 54-годишна возраст. Тој бил пронајден мртов во неговото џакузи. Причината за смртта на познатиот актер ќе биде објавена по сите токсиколошки анализи.