Индексот на просперитет вели дека ни е подобро во споредба со 2017 година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во 2022 година просечен расположлив приход по жител мерен според стандардот за куповна моќ (ППС) во Северна Македонија изнесувал 5.988, што претставува зголемување за 41 отсто во споредба со 2017 година, покажуваат податоците на Индексот на просперитет на Легатум.

Според овие податоци, како што јави дописникот на МИА од Брисел, дури две третини од најпросперитетните земји во светот се наоѓаат во Европа, но и меѓу нив постои значителна разлика во приходите мерени според стандардот за куповна моќ (ППС) по домаќинство, при што жителите на западните и нордиските држави имаат значително повеќе расположливи средства за трошење од оние на југот и истокот на континентот.

Европската статистичка агенција – Евростат како расположлив приход на домаќинствата ги смета средствата што едно домаќинство ги има на располагање за трошење и заштеда по оданочувањето и по плаќањето на режиските трошоци.

На листата на европски земји во која се вклучени членките на ЕУ и на Европската зона за слободна трговија (ЕФТА), како и кандидатите за членство во Унијата, со приходот од 5.988 ППС по жител Северна Македонија е на претпоследното место, пред Албанија која има 4.385 ППС. Пред земјава се Турција со 6.210 ППС, Црна Гора со 6.328 и Србија со 6.968 ППС по жител.

Следна на листата, пред Србија, е Бугарија со 9.671 ППС и е држава со најнизок просечниот приход по глава на жител меѓу членките на ЕУ, а пред неа се Словачка со 9.826, Романија со 10.033, Унгарија со 10.217 и Грција со 10.814 ППС по жител.

На првото место на листата е Луксембург со просечниот расположлив приход по жител од 33.214 ППС, пред Норвешка со 27.090, Швајцарија со 26.389, Холандија со 25.437, Австрија со 25.119 и Белгија со 24.142 ППС по жител.

Меѓу четирите најголеми земји во ЕУ, Германија е деветта со 23.197 ППС по жител, Франција 12-та со 20.575, Италија е 17-та со 18.472 и Шпанија 18-та со 17.254 ППС по жител. Просекот во ЕУ изнесува 18.706 ППС по жител.

Хрватска, која е последната земја што се приклучи на ЕУ, со 12.277 има повисок просечен расположлив приход од шест членки на Унијата.

Споредено со 2017 година, најголем раст на просечниот расположлив приход по жител бележи Романија од 101 отсто, а потоа следуваат Србија со раст од 68 и Литванија од 66 проценти.

- Advertisement -
Ad image

Единствена земја на листата што бележи пад на расположлив приход во периодот 2017 – 2022 година е Турција, каде тој се намалил за 27 отсто.

Share This Article