More

    Полицијата запали дрога вредна 60 милиони евра: „Спасивме најмалку сто животи“

    spot_img

    Во производствените погони на компанијата Нексе Нашиќ денеска се случи палење на наркотична дрога запленета при криминални истраги, проценета на околу 60 милиони евра.

    „Ова е веќе 19-ти пат како согоруваме големи количества дрога, а денес е околу три тони. Ова доволно говори за резултатите на хрватската полиција и партнери во последниот период. Тоа кажува многу за нашата улога на ниво на Европската Унија и регионот на Источна Европа. Хрватската полиција предничи во оперативните дејствија, од кои многу беа спроведени во изминатите неколку години“, изјави началникот на полицијата Никола Милина и нагласи дека најголемиот дел од дрогата е одземена од т.н. балканскиот картел.

    Вкупно изгореле 776 килограми кокаин, 244 килограми хероин и 1241 килограм марихуана и хашиш.

    „Со ова спасивме најмалку сто животи и тоа е најважно“, истакна Милина.

    Тој се осврна на најновата акција на УСКОК и ПНУСКОК на подрачјето на Задар и Загреб.

    „Можам да го потврдам она што е веќе во медиумите. Уапсени се две лица за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела“, изјави началникот на полицијата

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img