Бугарија нема да додава нови услови за Македонија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарија вели дека нема да даде нови услови за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската унија, истакна заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски.

Тој рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Северна Македонија на патот кон ЕУ и нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.

– Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Северна Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес – вели Ескобар во интервјуто.

На прашањето на Гласот на Америка: Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? Ескобар рече „Јас тоа така го протолкував“.

На прашањето дали САД се загрижени ако уставните измени бидат изгласани на сметка на поткопување на владеење на правото и правдата, со оглед на тоа што некои медиумски извештаи сугерираа оти намалувањето на затворските казни за функционерите било направено со цел да се обезбедат гласови за уставните измени, Ескобар рече дека нема да шпекулира за тоа што се случува на внатрешен план.

– Тоа е на луѓето на Северна Македонија да го одлучат. Сакам да бидам многу јасен дека нашиот став е дека секоја земја што влегува во Европската Унија е попросперитетна, подемократска и постабилна, поради посветеноста на вредностите и посветеноста на владеењето на правото. А оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, тие треба да бидат целта кон која се стреми Северна Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања – посочи Ескобар.

Тој, исто така, рече дека нема информации за можни преговори и пазарење за уставните измени меѓу владата и избеганиот поранешен премиер Никола Груевски, како што изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за германскиот весник ФАЦ.

– Немам никакви информации за тоа. Ќе кажам дека е важно за Северна Македонија како што оди напред да не прави компромиси за нејзините идеали, да не прави компромиси за напредокот што го направи со владеење на правото, но, за конкретни случаи немам никакви информации. Само ќе кажам уште еднаш, дека владеењето на правото и напредокот што го направи Северна Македонија се навистина важни да се одржат додека се движи напред во Европа, затоа што членството во Европската Унија навистина е за стандарди и вредности и посветеност на владеењето на правото – потенцира Ескобар.

Според него, предизвиците со владеење на правото и корупцијата се веројатно најголемиот проблем на Западен Балкан.

- Advertisement -
Ad image

САД минатиот месец изјавија дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија.

Share This Article