More

    Дали Орбан ќе попушти и ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО? „Бев притиснат на ѕидот“

    spot_img

    Унгарија е под зголемен притисок да го ратификува и шведското барање за членство во НАТО, откако Будимпешта конечно им се приклучи на останатите земји-членки на ЕУ во врска со новата помош за Украина.

    Премиерот Виктор Орбан во петокот рече дека направил се што можел за својата земја пред да се согласи за договор за пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина на вонредниот самит во Брисел.

    Ме притиснаа на ѕидот“, изјави Орбан.

    Тој рече дека, во случај да го блокира испраќањето финансиска помош за Киев, 26-те земји-членки сепак ќе се договорат за испраќање на 50-те милијарди.

    Ќе ги земат парите наменети за Унгарија и ќе ги испратат во Украина, зошто тоа би било добро“, рече Орбан.

    На последниот самит во средината на декември 26 земји-членки постигнаа договор за помош на Украина, а против тоа беше само Унгарија. Тоа е, исто така, единствената членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано барањето на Шведска за приклучување кон западната воена алијанса.

    Под зголемен притисок
    Орбан вели дека неговата влада го поддржува влезот на Шведска во НАТО, но е под зголемен притисок да го забрза процесот.

    Претставниците на унгарската опозиција повикаа во понеделник да се одржи вонредна седница на парламентот, на чиј дневен ред ќе биде и прашањето за членството на Шведска во НАТО алијансата. Но, пратениците од владејачката партија на Орбан, Фидес, во четвртокот рекоа дека сакаат да почекаат да се одржи средбата меѓу Орбан и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

    Притисокот врз Орбан се засили откако високи американски законодавци рекоа дека сакаат Унгарија веднаш да го одобри пристапот на Шведска во НАТО, предупредувајќи во четвртокот, една недела откако Турција го одобри нејзиниот влез, дека Будимпешта ризикува трајно да ги оштети своите односи со Вашингтон доколку не реагира.

    Унгарија даваше отпор долго време

    Унгарија долго време се спротивставува на испраќањето нова финансиска помош за Украина, а исто така одбива да испрати оружје во Киев за да се бори против руската инвазија. Односите меѓу Унгарија и Украина се оптоварени со прашањето за односите на Киев со 150.000 припадници на унгарското малцинство во западна Украина.

    Откако во декември беа одмрзнати дел од парите од фондовите на ЕУ за Унгарија, Европската комисија се уште нема исплатено околу 20 милијарди евра на Будимпешта поради обвинувања за владеење на правото и загрозување на демократијата.

    Владата на Орбан категорично ги отфрла овие обвинувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img