Анѓушев беше посебен гостин на меѓународна техничка конференција во Милано

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На покана на италијанската амбасада во Скопје, сопственикот и главен извршен директор на „Брако“ и „Фероинвест“, Кочо Анѓушев, како посебен гостин учествуваше на меѓународната техничка конференција “WIRE&CABLE” во Милано, посветена на најновите светски текови во жичаната индустрија во делот на истражувањето, инженерството и производството на жица.

На настанот беа презентирани најсовремените технички решенија за обработката на жичани производи, при што нашите претставници се уверија дека БРАКО ги има технологиите за поцинкувана жица од последната генерација на еколошки технологии.

На конференцијата, на која присуствуваше и директорот на жичаната програма во „Брако“, Љупчо Прентоски, се остварија средби со производители и трговци со жица од Италија, при што е обезбеден дополнителен пласман на производите на БРАКО на италијанскиот пазар.

„Брако“ има заедничка фирма со италијанската компанија Кonner S.r.l. ( една од компаниите на нашиот италијансkи партнер TKT Group -Italia), Koner East-Велес, преку која се остварува значајна економска соработа меѓу двете земји.

Share This Article