More

    Годишна изложба на ДЛУМ во „Мала Станица“

    spot_img

    Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори во галеријата „Мала станица утре (1 ноември) во 20 часот. Таа претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.

    „Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи дава директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ. Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники и да им овозможи на сите учесници-членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година“, вели Друштвото.

    Традиционално, ќе се доделат четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img