More

    Доделени признанија по повод Денот на Европа

    spot_img

    На писателот Томислав Османли вчера му беше доделено признанието „Европска личност на 2022 година во нашава земја, на свеченоста по повод Денот на Европа, одржана во присуство на највисоки државни, дипломатски и партиски гости.

    Собирот одржан во просториите на салата „Рагуса” во Скопје, имаше работен наслов „Иднината на проширувањето на ЕУ во контекстот на се тековните безбедносни предизвици – кои се бенефитите за Северна Македонија и за Европската унија?”.

    Главен говорник на собирот беше претседателот на државата Стево Пендаровски, а дебата на темата модерирана од амбасадорот Андреј Лепавцов водеа амбасадорите Дејвид Гир шеф на претставништвото на Европската унија во нашава земја и амбасадорката Ами Ларсон Џајн од Кралството Шведска, како и претставниците на домашните политички партии Моника Зајкова, Африм Гаши и Тимчо Муцунски. Организатори на големиот речиси целодневен настан проследен од бројни гости од политичките, научните и младинските структури се „Европското движење Северна Македонија”, дел од Меѓународното европско движење , „Фондацијата за европски студии Вилфред Мартенс” и Фондацијата „Конрад Аденауер”.

    Од името на организаорите на големиот свечен и дебатен собир, Претседателката на Европското движење на Северна Македонијан проф. Д-р Милева Ѓуровска на нашиот \\

    Во својата реч Османли, меѓу другото истакна:

    – Откако паметам за себе инклузивноста ја сметам за највисоката етичка и социјална вредност. Пред сѐ европската инклузивност. Европа беше мојата перманетна – политичка, авторска и човечка преференција имајќи предвид дека таа беше континент на прогресивни и на млади идеи кои беа толку атрактивни (инклузивни!) во нејзините формативни години, како впрочем и во виталните европски години од минатиот век. Беше тоа време на отвореност, во кое ние од Југославија значи и од Македонија слободно патувавме низ европските земји и во сите нив носевме дел од нашите вредности, а потоа – на истиот начин – во нашите простори, дух и култура носевме вредности, идеи и творби од европските земји – рече Османли.

    Истакнувајќи дека Европа која тој ја имагинира е „развиена според големите изворни визии на нејзините креатори, за Европа на правичност и еднаквост, за Европа на соработка; за миротворна Европа!; за Европа на силните економии, но постулирана примарно врз моќта на знаењето, на политичките идеали, на писменоста и на естетската убавина раскошно развиени и распослани ширум нејзиното тло, врз разнообразните хуманистички наследства, вредности, учења и идеи – од атинската демократија на Солон, Перикле и политичката мисла на Аристотел, римската јуриспруденција, идеите на Русо и Волтер и воопшто на плејадите нејзини еманципаторни и филантропски мислители; за Европа на духот и на непоразените етички идеи!

    Конечно, добиникот на Плакетата за македонска европска личност на годината, заклучи:

    – Европа на новото време за мене е ревитализирана конфедерација на слободни и еднакви држави и култури, политичка и интеркултурална заедница на општите, на заденичките и на посебните интереси и вредности на државите и нациите, меѓу кои – како и најголемиот дел од моите надежни сограѓани – и самиот за темелна ја сметам – нејзината отвореност и нејзината рамноправна инклузивност – рече Османли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img