More

    Синот на познатата босанска пејачка Лејла Шабиќ, Амар (27), загина во сообраќајна несреќа

    spot_img

    Синот на познатата босанска пејачка Лејла Шабиќ, Амар (27), загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот на 27 октомври во Тузла.

    Амар, синот на популарната пејачка попозната како „Лејла Леки“ бил возач на автобус, а околностите под кои загинал сè уште не се познати.

    Пејачката по тој повод се огласи на Фејсбук каде ја отстрани фотографијата на профилот и ја замени само со црна позадина и го објави некрологот на својот син.

    Во коментарите под објавата се редат пораки со сочувство.

    На Инстаграм се огласи снаата на Лејла, односно сопругата на настраданиот Амир со трогателна објава:„Душо моја, зошто ме остави“, напиша таа, со емотикони бел гулаб и скршено срце.

    Според извештајот на полицијата, во петокот во 16:50 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус чиј возач загинал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img