More

    Пејачката нема да му го предаде синот на Поповиќ и порача: „Да продавате деца? Е, нема!

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера се појави во Општинскиот кривичен суд во Загреб за две кривични дела наметливо однесување кон директорката на основното училиште Љиљана Клингер и поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади на град Загреб – Гордана Буљан Фландрија.

    Северина сега се огласи на социјалните мрежи, а во видео рече сè што и е на душата.

    – Интересно е што обвинителниот акт против мене е поднесен во рекорден рок. Во оваа постапка, нормално, сè е тајно. Многу долго бевме тука… Пред пет години на конференцијата зборував за луѓето вклучени во сето ова, тогаш не ми се веруваше. Процедурата обично трае шест месеци, во мојот случај трае 20 месеци! Државата против мене покрена обвинение, не сум добра затоа што зборувам во медиумите! Сепак, јас верувам во правдата – рекла Северина во видеото кое го објави на социјалните мрежи, а потоа додаде:

    – Уште еден поход на судот, овој пат Општинскиот кривичен суд во Загреб. Второто рочиште, во обвинителниот акт поднесен за само 9 месеци, каде се товарам за „нападно однесување“, што е кривично дело. Во исто време, јас водам старателство за дете 11 години и тука нема ажурност и ефикасност. Јас очигледно не ја најдов својата „Радост“ да ги решава моите проблеми, а велат дека сум „Убава“. Толку сум „убава и моќна“ што се влечкам по судови цели 11 години. И на системот не му е грижа. Нашето дете не е единственото – ова е проблем на целиот систем. П. С. Да продавате деца? Е, нема!

    Инаку, Северина пред два дена требаше да му го предаде синот на Милан Поповиќ, но не го направи тоа.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img