More

    ЕУ: Нови санкции кон Русија се на маса

    spot_img

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност (ЕУ) Жозеп Борел изјави дека на маса е можноста за нови санкции против Русија.

    Започна состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пред кој Борел одговараше на прашања од медиумите.

    На прашањето дали ги разгледува опциите за ембарго на руската нафта, Борел рече дека санкциите се секогаш на маса и дека министрите ќе разговараат за нови чекори.

    Тој истакна дека при посетата на Украина забележал дека руските сили се насочени кон Донбас.

    Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Луксембург ќе разговараат и за заклучоците од Самитот на лидерите на 24 и 25 март.

    Предвидено е да се разговара и за настаните во Мали, Либија и Јемен, а на средбата ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Норвешка и Исланд, Аникен Хуитфелд и Тордис Колбрун Рејкфјорд Гилфадотир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img