Пратеничката Петкоска забележа дека и по 3 години не се исполнети ветувањата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес после цели 3 години од изјавата за вашите приоритети не само што „Македонско село“ не стана стартап село туку веќе не е ни туристичка атракција бидејќи зјае празно и е забрането за посетители. Идентично како се што е на најава и очекување, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.

– Да потсетам дека во мај 2020 година тогашниот технички премиер, денешен министер Оливер Спасовски изјави дека комплексот „Македонско село“ ќе прераснал во стартап село, ќе се поставел брз интернет, а етно куќите ќе се пренаменеле во простор за заедничка работа, со пренамената на просторот директно ќе се стимулирало отворањето на нови бизниси, само 4 месеци по него лично министерот Крешник Бектеши на 22 септември истата година најави дека меѓу приоритетите за поттикнување на иновативноста во земјата е и од „Македонско село“ да формираме Старт АП село кое ќе нуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци”, рече Петкоска.
Таа првото нејзино прашање го упати до Крешник Бектеши и го запраша кога конечно да ги очекуваме измените и дополнувањата на законот за угостителска дејност?

Петкоска додаде и запраша за тоа кои се плановите за комплексот „Македонско село“ и дали се планира воопшто да заживее?

Share This Article