More

    Протест во Кочани за заштита на животната средина и на локалниот пат

    spot_img

    Граѓани и екоактивисти од Кочани денеска излегоа на протест против изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река и против користењето на локалниот патен правец до браната Гратче.

    Со транспаренти и делумна блоката на патот тие го изразија револтот што со градежните работи за хидроенергетскиот објект ќе се наруши биодиверзитетот во неговата околина, а од тешките товарни возила ќе се уништи асфалтниот коловоз до рекреативното подрачје во близина на градот.
    – Издадена е дозвола за користење на патот што е наменет за лесни возила со тежина под пет тони, а веќе три месеци овде се движат возила со тешка машинерија за изградба на хидроцентралата. Исто така, издадено е позитивно мислење за градење на објектот без да се одржи јавна расправа. Фирмата инвеститор која ја гради хидроцентралата постојано укажува дека ја има целокупната документација, ние неколкупати го баравме записникот од јавната расправа, што никаде го нема. Од Општината добивме одговор дека тој, всушност, ни не постои. Поднесовме и пријава до Основното јавно обвинителство за ова, но таа беше одбиена, истакна Ана Симонова – екоактивистка од Кочани.

    На протестот беше упатено и прашање до надлежните како е издадена дозвола за изградба на објектот на локација што се наоѓа во заштитено подрачје, на ерозивно земјиште со свлечишта, што ќе предизвика еколошка катастрофа. Беше побарано и да се поднесат обвиненија за злоупотреба на службената должност за они кои дале согласност за користење на локалниот пат.

    Протестите и блокирањето на патниот правец ќе продолжат и во наредните денови, сè додека не се стави забрана за користење на асфалтниот коловоз и додека повторно не се разгледа целокупната документација за изградба на минихидроцентралата на Мала Река.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img