More

    Најштедливи автомобили: објавени резултати од тестот на возилата

    spot_img

    Во период од 20 години, Германската автомобилска асоцијација (ADAC) спроведе 2.500 тестови во кои ја провери потрошувачката на гориво на речиси сите модели на пазарот.

    Со својот екотест, ADAC бара одговор на прашањето колку поединечните автомобили навистина ја загадуваат животната средина и колкави се емисиите на CO2 во пракса. Накратко, покрај WLTP мерењето, овој екотест вклучува и возење по автопат, каде се следи функционирањето на системот за третман на издувните гасови. Исто така, издувните гасови се проверуваат во лабораториски услови, пренесува Индекс.

    Сега, по две децении, ADAC одлучи да ги сумира своите тестови и да ги избере најдобрите и најлошите модели во одредени категории.

    Модели со бензински мотор
    Нема сомнеж, тука важи апсолутната доминација на јапонските автомобили или подобро кажано Toyota. А тоа значи само едно, Toyota има одличен хибриден погон чија потрошувачка се движеше од 4,1 l/100 km во Prius од 2016 година до 4,8 l/100 km колку што трошеше претходната генерација на Yaris, исто така и во хибридното издание. Друштво им прави ситниот Suzuki Celerio со 4,8 l/100 km.

    На другиот крај од спектарот, најлошиот модел според ADAC е Chevrolet Camaro. Опремен со 6,2 V8 чудовиште, трошеше 12,4 l/100 km. Потоа, тука се BMW M5 (11,1 l/100 km), Porsche Macan S, Ford Mustang 5.0 Ti-VCT и нешто изненадувачки, Kia Stinger 3.3 T-GDI V6 GT AWD.

    Дизелите се уште поекономични
    Иако тука не се доминантни јапонските марки, статусот на најекономичен сепак го има јапонскиот модел, Mazda 2 со просечни 4,1 l/100 km. Во првите пет има уште три малечки, но и едно компактно.

    Станува збор за Mazda 3 со истиот дизел мотор, што е уште еден доказ за економичноста на моторот SKYACTIV-D.

    Меѓу дизелите кои најмногу трошат на самиот врв е Land Rover Defender 90 со просечни 9,8 l/100 km. Сите останати потрошиле значително помалку.

    И во оваа категорија, помалите автомобили трошат најмалку. Тесла не е блиску, а според резултатите доминира Hyundai. Најдобар резултат е 14,7 kWh/100 km, а тоа е Ioniq од 2017 година. Сите понови модели на Hyundai Ioniq трошат повеќе, а единствениот што им конкурира е ситниот VW e-up! со 16,7 kWh/100 km.

    А од друга страна, најголеми потрошувачи се големите комбиња. Mercedes-Benz EQV 300 е лидер со просечни 30,9 kWh/100 km.

    Најголемиот опсег на електрични модели драстично се промени со текот на годините. Во 2011 година, малиот Peugeot iOn надмина 95 километри, а во 2015 година, просечниот опсег на тестирани автомобили беше 149 километри, а во 2020 година беше 285 километри. Годинава просечниот опсег на тестираните модели се искачи на 425 km.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img