More

    „Тојота“ постави рекод со новиот концепт на безжично полнење

    spot_img

    Израелската старт-ап компанија „Electreon“ , во соработка со партнерите „Toyota“ и „Denso“ успеа да развие систем кој овоможува електричните возила да возат на струја практично без ограничувања. Договорот за соработка меѓу овие компании бил потпишан пред неколку месеци, а сега може да се видат првите плодови.

    Модифицираниот модел „Toyota PHEV“ со батерија со капацитет од 18 kWh успеал да вози 100 часа прекин и притоа да мине речиси 2.000 километри. Автомобилот без да застане минал 1.200 милји или 1.942 километри. За таквото достигнување да биде можно, користен е полигон на кој е инсталирана технологија за безжично полнење.

    По 100 часови возење „тојотата“ по безжичен пат примила 241.69 kWh енергија. Автомобилот сопирел само заради замена на возачите. Имено, дури 55 од нив учествувале во поставувањето на овој рекорд.

    Овој концепт за безжично полнење во пракса би можел да се користи на автопатите. Притоа технологијата би се нудела во своевиден пакет, кој и на постарите модели електрични возила би им овозможувал безжично полнење.

    Пилот-проекти се започнати во Шведска, Франција и Белгија, а активен е и пилот-проект вреден 3,2 милиони евра кој се однесува на погонот на автобуси во јавниот превоз во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img