More

    Новиот амбасадор во Тел Авив рече дека нивната евакуација зависи од Египет и Израел

    spot_img

    Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

    – Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани – рече Садики.

    Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наши граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

    – Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амбасадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет – рече Садики.

    Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

    Новиот амбасадор на Северна Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.

    – Северна Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите се до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел – рече Садики.

    Кажа дека односите на Северна Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img