More

    „Комити“ им дадоа 48 часа на Арсовска и Славески да ги исплата средствата за клубот

    spot_img

    Навивачката група на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, „Комити“ – Скопје уште еднаш се обрати кон градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски да ги доделат финансиските средства за клубот.

    Тие велат дека тоа што го прават двете страни е недозволливо и дека им даваат време од 48 часа пред да ја радикализираат борбата.

    „Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање! Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш! Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата. Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање“, се вели реакцијата на „Комити“.

    Инаку навивачката група се повикува на иницијативата за помош на ФК Вардар која ја поднесе докторот Никола Пановски, но ја подржаа безмалку сите советници и со 34 гласа ја изгласаа иницијативата, со усвоен заклучок со кој се овластува градоначалничката за издвојување на сума на пари за помош и изнаоѓање на најповолниот начин како да се реализира оваа помош.

    Пред да дојде точката за помош на Вардар, советниците изгласаа амандман за ребаланс на буџетот за 2023 година, со кој дополнителни 12 милиони денари (200.000 евра) се префрлаат во секторот спорт за поддршка на спортските клубови на територијата на Град Скопје.

    Тоа беше втора иницијатива на град Скопје за помош за ФК Вардар, зашто во ноември минатата година имаше иста ваква помош со ребаланс на буџетот, кога беа изгласани 250.000 евра, но тогаш сето тоа не помина во Mинистарството за финансии, па парите практично и не завршија во клупската каса.

    Против оваа одлука беше градоначалничката Данела Арсовска, таа оцени дека со оваа помош „ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите“ и ја повика Финансиската полиција да изврши контрола во клубот.

    – Освен што ќе ги наполниме џебовите на приватна фирма и што ќе ги наполниме џебовите на извршители коишто ја имаат блокирано сметката на фудбалскиот клуб, јас не гледам дека нешто друго ќе реализираме. Што ќе исполниме со ова? Сметам дека прво треба да повикаме една акција на Финансиската полиција, сите надлежни институции, да влезат внатре, да видат на кој начин работи и функционира ФК Вардар во изминатата година – истакна Арсовска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img