Во 1930-тите години од минатиот век, британскиот ционистички новинар Лео Елтон отпатувал во Албанија, очигледно самоиницијативно, за да види дали е можно таму да се формира еврејски национален ентитет.
Патувањето на Елтон било поттикнато од зголемениот прогон на германските Евреи две години по воспоставувањето на нацистичкиот режим и одбивањето на Британија да ги зголеми квотите за еврејска имиграција во Палестина. Во извештајот до првиот претседател на Хебрејскиот универзитет, Јуда Леиб Магнес, Елтон пишува дека во еден британски весник прочитал дека албанската влада ја поздравила имиграцијата на Евреите во Палестина.
Според Хаарец, а пренесува албанската ФоксЊус, британскиот министер му рекол на Елтон дека Албанија нема историја на антисемитизам и дека Албанците муслимани не се фанатици. Елтон бил воодушевен од портокалите и лимоните кои според него биле најдобрите во светот, а успехот на Евреите во одгледувањето портокали во историјата може да се повтори и во Албанија.
Како прва фаза, Елтон препорача формирање на еврејски национален ентитет во Албанија, сличен на оној во Палестина со мандат, со соработка на двете ционистички движења. Подоцна, Албанија може дури и да се претвори во еврејски национален дом.
Не е познато што се случило со таа идеја, дали некое официјално тело разговарало за тоа и дали Магнес воопшто се потрудил да му одговори на Елтон. Во секој случај, Евреите не се доселиле во Албанија во голем број.
Интересно е што високата оценка на Елтон за Албанците беше потврдена за време на Холокаустот. Населението во Албанија било многу заштитнички настроено кон еврејските бегалци. Многумина биле транспортирани до албанските пристаништа на Јадранот, од каде што можеле да патуваат во Италија. Други се криеле во оддалечените планински села, додека некои се приклучиле на движењата на отпорот низ целата земја.