Натанјаху го предупреди Хезболах да не тргнува во војна со Израел

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел.

„Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан“, рече Нетанјаху за време на посетата на израелските војници на северот на земјата.

Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна, по новите судири на границата каде тензиите се високи по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври.

– Хезболах напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но ризикува да загуби многу – изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Икс.

- Advertisement -
Ad image

Меѓународната заедница стравува од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други страни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас.

И американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон гледа потенцијал за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, како резултат на акциите на Иран и неговите сојузници во регионот.

– САД не бараат ескалација – изјави Блинкен за Ен-Би-Си њуз. Тој додаде дека Вашингтон се надева дека палестинското исламистичко движење Хамас ќе ослободи уште заложници.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин исто така укажа на опасноста од ескалација на конфликтот, особено со интензивирање на нападите врз американските војници и граѓани.

– Постои опасност од значително зголемување на нападите врз нашиот воен персонал и граѓаните низ целиот регион – рече тој во интервју за Еј-Би-Си.

- Advertisement -
Ad image

Остин во истото интервју предупреди дека САД „нема да се двоумат“ да употребат воена сила против секоја организација или земја што е во искушение да го прошири блискоисточниот конфликт меѓу Израел и Хамас.

– Нашиот совет до оние кои би се обиделе да го ескалираат конфликтот е: Не правете го тоа. Го задржуваме правото да се браниме и нема да се двоумиме да преземеме соодветни мерки – рече шефот на Пентагон.

Тој го изјави ова само неколку часа откако американското Министерство за одбрана објави дека земјата ќе го зголеми своето воено присуство во регионот со оглед на „неодамнешната ескалација од страна на Иран и неговите сојузнички сили“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article